Категории

Мал град во Исланд најде одличен начин да го спречи брзото возење!

Во малиот рибарски град Исафјердир во Исланд, неодамна се спроведе брилијантен план за развој на безбедноста на патиштата. За создавање на насликаниот нов пешачки премин е користена 3D техниката при што се создава оптичка илузија.

Иновативниот дизајн не само што им овозможува на пешаците чувство дека лебдат на воздух, туку исто така го привлекува вниманието на возачите, кои веднаш ја забавуваат брзината кога ќе го забележат навидум лебдечкиот пешачки премин.

Ралф Трипла, исландскиот комесар за животна средина, беше иницијаторот за овој пешачки премин откако виде сличен проект кој што се спроведува во Њу Делхи во Индија. Со помош на локалната сликарска компанија, визијата на Трили стана реалност. 

Прегледи:
620
Објавено на:
18.07.2019