Ова е приказна која нема да ве остави рамнодушни.
На почетокот на дваесетиот век, еден селанец се враќал од нива. Поминувајќи покрај мочуриштето, одненадеж слушнал крици и молење за помош. Селанецот истрчал и здогледал момче кое беспомошно се борело да преживее во мочуриштето. Човекот нашол некоја гранка и му помогнал на момчето да излезе на суво. Момчето сѐ уште треперело кога излегло надвор.
„Дојди кај мене дома. Мора да се смириш и да се загрееш“, рекол селанецот.
„Не можам, татко ми ме чека. Веројатно е многу загрижен“, рекло момчето и истрчало.
Следното утро селанецот видел два чистокрвни коњи како приоѓаат до неговата куќа. Еден дотеран господин излегол од кочијата:
„Дали сте вие човекот кој го спаси мојот син?“
„Да, јас сум“, одговорил селанецот.
„Колку ти должам?“
„Не ме навредувајте, господине. Ништо не ми должите. Го направив она што секој нормален човек би го направил!“
„Не, не можам да те оставам така, бидејќи тоа е сепак мојот син. Кажи ми бргу кој износ го бараш!“
„Не сакам повеќе да зборувам за тоа – збогум!“, се свртел селанецот и си отишол. А тогаш неговиот син истрчал од куќата.
„Дали е ова твојот син?“ прашал гостинот.
„Да“, гордо одговорил селанецот, галејќи го своето дете по глава.
„Ајде да направиме вака: ќе го однесам твојот син со себе во град и ќе го платам неговото образование. Ако е племенит како неговиот татко, тогаш ни ти ни јас нема да зажалиме за своите одлуки.“
Поминале неколку години. Синот на селанецот завршил средно училиште, потоа медицински универзитет, а набргу неговото име станало и светски познато. Тоа момче се викало Александар Флеминг – човекот заслужен за пеницилинот.
Пред војната, синот на господинот влегол во една лондонска клиника со најтежок облик на воспаление на белите дробови. Што мислите, што му го спасило животот овој пат? Да, пеницилинот кој го откри Александар Флеминг.
Името на господинот кој го платил образованието на Флеминг е Рандолф Черчил. Неговиот син бил Винсент Черчил, кој подоцна станал премиер на Англија.
Можеби токму на ова мислел Винсент Черчил кога рекол: „Она што сте го направиле ќе ви се врати!“