Категории

Се одржа Масовното скокање на јаже: Плоштадот беше исполнет со забава, рекреација и многу дружење!

Вчера, со почеток во 18. часот се одржа долгоочекуваниот настан на плоштадот Македонија – Масовно скокање на јаже, една од многубројните активности во склоп на Европската недела во споротот. 

Одлична организација, многу дружење, среќни лица кои уживаат во спортувањето и одржувањето на физичката кондиција, беа дел од овој настан кој прераснува во традиција. Како изгледаше ова дружење, може да погледнете на фотографиите.

Европската недела во спортот сѐ уште трае, а веќе утре 27. септември, сите заедно имаме можност да бидеме дел од настанот Осветли го Скопје – ноќниот настан кој го осветлува целиот град. Да го осветлиме Скопје заедно и да Бидеме активен при ноќното искачување на Водно. Одлична можност за рекреација, дружење и ново искуство.

Веќе следниот ден, на 28. септември, ќе имате можност да ги проверите своите вештини во најразлични спортски активности. Кросфит, пилатес, карате, пинг понг, кошарка или некој друг спорт. Борис Трајковски е отворен за сите оние кои сакаат да спортуваат, да ги проверат своите капацитети и да учат нови вештини и диспциплини во спортовите. Пристап до 30+ спортски активности, можност за учество во мали натпревари многу забава и дружење за семејства и поединци.

Негувајте го спортскиот дух, чувајте го своето здравје и останете активни!

Прегледи:
557
Објавено на:
26.09.2019