Категории

Мажите никако не го сакаат ОВА кај жените

Ви откриваме што на мажите им оди „на нерви“ кај жените и што им е непривлечно. За некои нешта, мислењето е обострано.

Премногу шминка
Мажите сакаат природно. Не сакаат да бакнуваат жена која има премногу сјај на усните во силни бои затоа што подоцна изгледаат како кловнови. Запаметете, пудрата би требала да биде невидлива за другите и да се претопи со вашата кожа. Не сакаат ни лажни трепки, за нив минималната шминка е најпривлечна.

Коса
Додека необичните фризури се сосема во ред за ноќно излегување или некоја важна прилика, сепак за секој ден, мажите сакаат природен изглед на косата. По атрактивно им е кога ќе видат жена која има здрава и сјајна коса, без многу разни бои на главата и натапирани, лепливи производи.

Депилирање
За љубов пред се, спрема самата себе а и спрема нив, жени – депилирајте се. Мажите ги поврзуваат влакната со тестостеронот и не сакаат да ги видат на жената. Мажите сакаат да допираат мазна и нежна кожа, затоа користете сретства за хидратација и лосиони со цел вашата кожа да е мазна.

Орална хигиена
Ова дефинитивно важи и за мажите. Сите гледаме едни во други и ја гледаме насмевката и забите. Лошиот здив и жолтите заби не се привлечни. Добро е да се води грижа за забите, затоа што тие се нашето богатство. Секогаш во ташната имајте гуми за џвакање и освежувач на здив за неочекувани околности, затоа што никогаш не знаете кога ќе дојде бакнежот.

Алкохол
Секако, мажите сакаат да бидат во друштво со жени кои знаат како добро да се забавуваат, но кога исто така знаат и кога е доста со алкохолот. Ниеден маж не сака да види жена која повраќа во wc или кафич, или се онесвестила на среде ноќен клуб.

Негативност и недоволно самодоверба
Мажите сакаат среќни и позитивни жени, а не такви кои постојано се жалат за нешто. Покажете ја својата оптимистичка способност и љубовта спрема себеси.

Пцуење
Мажите сакаат дами во говорот, затоа несвесно или свесно, пцуењето во секоја реченица, никако не е угодно да се чуе, а покажува недостаток на женска софистицираност.

Прегледи:
733
Објавено на:
02.10.2019