Категории

Стилска икона: Пријанка Чопра со 3 извонредни стајлинзи во еден ден!

Актерката докажа дека со право ја носи титулата за најдобро облечена дама

Атрактивната актерка и модел, а и некогашна Мис на Светот – Пријанка Чопра,  е прогласена за најдобро облечена позната дама од страна на магазинот People.

Пред некој ден, шармантната индиска убавица го докажа тоа и со извонредни 3 различни стајлинзи.
Чопра во истиот ден имаше закажано неколку интервјуа поради промоцијата на нејзиниот најнов филм „The Sky Is Pink“. За едното од нив таа одбра едноставен разигран краток бел фустан со карнери и класични црни потпетици. Второто издание беше тиркизен комплет од блуза и здолниште потполнето со кафеави потпетици, додека третото издание беше прекрасен цветен фустан со деколте и салонки во розова нијанса.

Прегледи:
421
Објавено на:
11.10.2019