Категории

5 показатели дека сте надпросечно интелигентни: Дали се препознавате?

Иако многу студии покажаа дека IQ не е единствената мерка за успех, натпросечната интелигенција е нешто со кое секој би сакал да се пофали..

Интелигенцијата е ментална особина која се состои од способност на разбирање, прилагодување на нови ситуации, учење од искуство.

Некои студии покажаа дека IQ се фиксира и се оформува во детството, така што, во принцип – сте заглавиле со тоа што го имате уште од почетокот, пишува Business Insider.

Иако е тешко со сигурност да се измери коефициент на интелигенција, истражувањата покажаа дека сепак постојат некои знаци и карактеристики кои што може да укажуваат на тоа дека некоја личност е надпросечно интелигентна.

 

Анкциозни сте

Психијатарот Џереми Коплан проучувајќи ги пациентите со анксиозни нарушувања заклучил дека оние со најтешки симптоми постигнале повисоки IQ поени од оние со поблаги симптоми.

Други студии откриле дека анксиозните личности имаат подобри вербални вештини.

Исто така, експериментот во израелскиот Интердисциплинарен Центар Херцлија покажа дека анксиозните луѓе поефикасно се справуваат со проблемите.

 

Левораки сте

Студиите покажаа дека леворакоста е поврзана со дивергентното размислување, и тоа особено кај мажите.

Инаку, дивергентното размислување како знак на висок степен на интелигенција честопати се поврзува со креативноста, а исто така може да се опише и како „размислување во повеќе насоки“.

Како дете сте оделе на часови по музиказа

Бројни студии откриле поврзаност помеѓу музичката наука и добрите вербални вештини, како и извршните функции клучни за фокусот и самоконтролата.

Во студијата, спроведена од Силваин Морено, учествувале 48 деца на возраст меѓу четири и шест години.

За еден час на ден, пет дена во неделата, во текот на еден месец, половина од студентите го завршиле музичкиот програм, а другата половина завршиле ликовна програма. На крајот на експериментот, 90% од децата кои биле подложени на музичкиот тренинг покажале подобрување на вербалниот коефициент на интелигенција.

 

Забавни сте

Истражувањата покажуваат корелација помеѓу чувството за хумор и високите вербални вештини, како и апстрактното размислување. Хуморот се чини дека е резултат на високата интелигенција.

 

Ги имате сите овие карактеристики заедно

Ако немате ниту една од овие карактеристики, се разбира, тоа не значи дека немате висок коефициент на интелигенција, но ако ги имате повеќето од горенаведените карактеристики, тоа сигурно би значело дека имате повисок коефициент на интелигенција од просекот. Повеќето од овие одлики заедно (или сите) покажуваат дека вие спаѓате во се она што досега го откриле студиите за интелигенција.

Прегледи:
787
Објавено на:
15.10.2019