Категории

Одлично прилега на секој облик на лицето: Од Ким Кардашијан до Ана Винтур, сите познати ѕвезди полудеа за оваа фризура!

Пронајдовме фризура што добро им прилега на сите

Боб фризурата е повторно актуелна, а во прилог на ова е и фактот дека скоро сите холивудски убавици решија да прошетаат баш со ваква фризура.

Оваа фризура многу бргу стана актуелна и стана вистински есенски хит, според зборовите на многу познати стилисти за коса. Добрата работа е што овој вид фризура е одлична за секого. Ако размислувате да го промените вашиот стил, тогаш оваа фризура е одлична.

Единствено што треба да имате во предвид е должината на бобот. Ако имате тркалезна форма на лицето, одберете должина под брадата, а ако имате издолжено лице, малку пократка варијанта на бобот ќе прилега одлично за вас.

Оваа фризура изгледа многу привлечно и е лесна за одржување.

 

Еве како познатите дами го носат овој стил.

Ако некој знае што е во тренд, тогаш тоа е Ким Кардашијан.

Ана Винтур, уредничка на „Вога“, е верна на оваа фризура со години, и ако таа одобри некој стил, тогаш сигурно е дека е добар.

Фризурата на актерката е исто така одличен пример за тоа како може да се стилизира кратка коса.

Прегледи:
453
Објавено на:
18.10.2019