Водечкиот моден тренд за оваа сезона
Ги видовме на модните писти уште минатата сезона, тогаш трендсетерките почнаа да ги шетаат по малку по улиците на светските модни метрополи, за после дури и во текот на летото конечно да станат вистински хит насекаде иако се чизми.
Како сите едвај да ги дочекаа каубојските чизми повторно да станат моден тренд.
На модната недела во Париз и Милано ги видовме кај неколку инфлуенсерки уште во првите пролетни денови на 2019 година.
Во прашање беа само оние најхрарите, додека останатите како да не веруваа дека овој тренд толку ќе заживее.
Помеѓу најактуелните се оние од кроко и змиска кожа, а особено популарни станаа и долгите до колена од антилоп и кожните згужвани модели инспирирани од епохата на ’80-тите.