Дали сте и вие меѓу нив?
Кога навечер јадите со својот партнер и притоа разговарате за изминатиот ден, тоа е добро, затоа што вашиот партнер треба да знае што е она кое ве придвижува и ве прави среќни. Меѓутоа, помеѓу муабетењето често не се работи само за тоа колку имало гужва на работа, кој помеѓу храната и каучот разговара за овие нешта, спаѓа во интелигентните парови.
Проблеми на работа
После напорниот работен ден, би било прилично предизвикувачко да го слушате својот партнер како зборува за проблемите на работа. Но и покрај тоа – тоа може да помогне заеднички да се дојде до решение. Сеедно дали се работи за ситници како мејлови или големи работи како презентации и муштерии, заедничкиот brainstorming може да направи чуда.
Политички и друштвени проблеми
Шопинг, промена на клима.. Кој со својот партнер разговара за друштвените проблеми, ќе научи многу за него и за неговите погледи на светот. Секако, понекогаш таквите дискусии можат да бидат повод за несогласување и расправии, меѓутоа во овој случај ризикот се исплати.
Филмови и книги
Секако дека не секој чита редовно. Меѓутоа, ако и двајцата сте љубители на литературата, би било корисно да разговарате за книжевноста. Секако, не се интелигентни само оние кои зборуваат за Данте, дискусиите за модерните книги можат да бидат многу предизвикувачки. Исто така и разговорите за филмовите, некои парови можат со часови да разговараат за тоа како некој сценарист го смислил најкреативниот заплет и конечно би требал да добие Оскар.
Здравје и исхрана
„Како да престанам на пушам? Зарем не би требало да се храниме поздраво?“ или „Кој спорт е најдобар за мене?“ Всушност би требало да биде сосема нормално да внимаваме на своето тело, меѓутоа многу парови не разговараат за тоа како треба да се внимава на здравјето. На крајот наденот, здравјето е најважно и ите како влијае на врските.
Мора ли тоа да биде баш така?
Секако не морате секој ден да разговарате за горенаведените теми, но на здравата врска и е првенствено потребно да разговараме за нашите чувства, грижи и проблеми. Навистина е паметен оној кој со партнерот разговара за нешта кои не му се забавни, кои ги спојуваат и решаваат конфликти.