Денес во хотелот Радика с.Леуново беше свечено одбележана седумдесет годишнината од прогласувањето на Националниот парк Маврово.
Пред многуте гости се обрати директорот на националниот парк Маврово г- дин Самир Ајдини, кој во својот говор ја потенцираше важноста на националниот парк како за државата така и за локалното население, зборуваше за историјатот и потенцијалите на ова заштитено подрачје и ги потенцираше плановите за развој на паркот преку инвестирање во туристичките потенцијали како и за потребите од зголемена соработка со локалното население и бизнис секторот.
Покрај директорот, на присутните им се обрати и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г- дин Медат Куртоски, како и други гости претставници на државни институции со кои ЈУНП Маврово во изминатиот период има исклучително добра и плодна соработка.
За време на свеченоста на повеќе соработници и институции им беа доделени плакети и благодарници, беше прикажан видео запис од природните богатства со кои располага националниот парк, и официјално се презентираше новата веб страница на паркот наменета за промоција на туристизмот – www.npmavrovo.mk.
Покрај ова беа доделени и парични награди за најдобрите фотографии од конкурсот за најдобра фотографија на тема: “Приказни за убавините на Националниот Парk Маврово”.
На конкурсот беа пријавени повеќе од 40 фотографи кои испратија преку 200 фотографии.Истите се натпреваруваа во три различни категории т.е млади фотографи до 16 години, фотографи аматери и професионални фотографи.
Во знак на благодарност за сите оние кои се потрудиле да фотографираат и да ги споделат своите најдобри фотографии со јавноста, управата на НП Маврово одлучи 50 од најдобрите фотографии да бидат поставени и претставени на изложба. Изложбата во иднина ќе бидат поставена во просториите на инфо центарот во Маврови Анови.