Вечната дилема на секоја жена – Зошто не одговара на пораките?
Ти се допаѓа премногу, постојано мислиш на тоа кога ќе се видите следно, но тој не ти одговара на пораките, а тебе низ главата ти минуваат стотици мисли и оправдани сценарија. Сигурно е во голема гужва на работа, (а тоа што во текот на работното време испил две кафиња, испишул кутија цигари и имал саат време пауза за ручек, не се важи), можби се разболел па не може да одговори, можеби мобилниот му паднал и му се скршил. А можеби и го изгубил бројот (од толку многу пораки колку што си му испратила, сигурно веќе го научил и напамет), или едноставно ти си успешна деловна жена од која тој се плаши.. Секако дека постои причина поради која тој не ти се јавува. Секогаш постои, и тоа многу едноставна, – Не те сака, не го интересираш, не му си интересна, точка. Нема премногу филозофирање.
Да бидеме реални, не одговорањето на пораката е исто така порака.
Кога некого вистински го интересираш, секогаш ќе се потруди да пронајди време за тебе, за една обична порака. Никогаш нема да наоѓа изговори преку смешни приказни, затоа што нема потреба за тоа. Секој најмал слободен миг ќе сака да го помине покрај тебе, кој е поголемиот показател за тој.
Оној кој сака бара начин а оној кој не сака ќе пронајде изговор.
Затоа драги жени, поштедете се себеси да испадне жалосни и смешни толку да „играте“ околу нив. Доволно е самото тоа што не одговара на пораката.