Не е лесно да се пронајде љубовта, а уште потешко е да се воочи дали е таа вистинската или не..
Длабоко во себе сите го имам тој глас во нашата глава кој не знае да замолчи. Дали некогаш сте се запрашале дали мажот кој е покрај вас е оној вистинскиот?
Полн со почит / Толерантен
Вистинскиот човек, оној кој ве сака, ќе ве почитува поради вашите силни мислења. Но, од друга страна постојат мажи кои ќе ви кажат дека не сте во право или ќе ви речат дека можете да мислите што сакате но доверба дека вашето мислење е важно колку нивното.
Охрабрува/Контролира
Човекот кој ја сака жената ќе ја поттикнува да ги следи своите прилики и да стекнува искуства. Вистинскиот маж може да ја натера да открие нови нешта, а најважно е никогаш да не ја присили да прави нешто што не и се допаѓа.
Искрен/Суров
Човекот кој вистински ја сака жената ќе и го каже она што таа треба да го чуе. На пример, ако ве праша како изгледате во некое парче облека, тој ќе ви каже дека треба да облечете нешто друго, тоа не е зло, само е искрен. Но, ако тој ви каже дека треба да ослабете, ве навредува вас или вашиот стил, тогаш треба да знаете дека тој не ве почитува.
Приврзан/Наметлив
Сакате човек кој ќе ви пишува пораки и ќе ви ѕвони 24/7? Некои жени сметаат дека тоа би било одлично, но сепак треба подобро да размислите за тоа, затоа што постојаното проверување и барање да го знае секој ваш чекор укажува на строга контрола и недоверба.
Заштитник/Посесивен
Природно е да се заштити нешто за кое ви е грижа. Но ако мажот никако не ви дозволува да одите некаде сами или почнува да се расправа со луѓето кои се обидуваат да разговараат со вас, тогаш значи дека тој е посесивен.
Сериозен/Заинтересиран
Човек кој е заинтересиран за вас ќе разговара со вас кога времето му е соодветно. Ова е очекувано ако врската е нова. Но ако вие двајца сте заедно веќе некое време и разговарате само кога тој може, тогаш јасно е дека не е заљубен.