Категории

Ова е тајната на животната среќа

Научи да се носиш со нештата кои не можеш да ги промениш

Лажат сите оние кои те опсипуваат со лажни дефиниции за среќата и каде таа се наоѓа, сите тие се празни приказни. Треба да научиш да се носиш со нештата кои не се под наша контрола, а нив ги има каде и да се завртиш. Научи да одиш напред и тогаш кога таму нема пат, научи да не размислуваш за минатото и тогаш кога е толку силно и постојано ти ги плеска во лице спомените.

Научи се да се носиш со нештаат кои не можеш да ги промениш, тоа е мудроста на животот.
Не можеш со главата во ѕидот, ѕидот ќе остане а тебе нема повеќе да те има.
Не ти помагаат мудри изреки за да го водиш својот живот напред нити луѓе кои се нарекуваат учители, тие нема да ти помогнат во тоа.
Не ти требаат стотина семинари со мотивациони пораки за да мислиш позитивно кога нештата ќе излезат од твоја контрола.

Научи на време да ги препознаваш нештата кои не се во твоја контрола, така ќе избегнеш илјада разочарувања, илјада лажни надежи кои всушност не се надежи туку се заблуди и уште од почеток требало да ти се јасни. Само застани на страна и посматрај го својот живот, посматрај ги своите желби и очекувања, сфати како твојот поглед на него не е она што тој вистински е. Размисли за своите способности и можности, препознај ја разликата помеѓу соништата и реалноста.
Прифати го сето тоа.

Треба време за да се соочиш со реалноста, треба да дојдеш до тие болни точки во себе и да преминеш преку нив. Со закопувањто на главата во песок нема да постигнеш ништо.
Кога ќе се научиш да се носиш со нештата кои не можеш да ги промениш, тогаш ќе видиш како секој ден може да биде убав, ќе откриеш толку благослови во светот што ќе почнеш да се прашуваш себеси зошто се насобрала толкава негативност во тебе.
Ако се прашуваш како да почнеш да се носиш со нештата кои не можеш да ги промениш, само одлучи на тоа, и веќе си ја завршиш половината работа.
Продолжи да чекориш по тој пат и забележи како животот ти се променува.

Прегледи:
572
Објавено на:
14.12.2019