Вие сте силни, единствени, прекрасни. Заслужувате се на светот!
Ова е за тебе.
Ако се чувствуваш осамена, ако сама се бориш низ деновите. Ова е за тебе која однадвор изгледаш како лавица, силна јака, а внатре си слаба и кревка. За тебе која почнуваш да веруваш во својата лажна насмевка.
Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажуваш. Ова е за тебе, која се бориш жестоко, без оглед на тоа што ти донесува животот. Ова е за тебе која стануваш секогаш кога ќе паднеш. За тебе, која не прифаќаш ништо помалку од она што го заслужуваш.
Ова е за секоја жена која се залага за нешто поголемо од себе. За жена која вришти „искуши ме“, наместо да шепоти „зошто јас?“. Ова е за храбрата жена која не секогаш се чувствува силна.
Ова е за жената која се смее во текот на денот, а плаче пред спиење. За тебе која мислиш дека не си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа.
Ова е за жената која се чувствува непривлечно, несакано.
За тебе која понекогаш се чувствуваш дека си премногу. Која премногу се трудиш, им даваш на другите повеќе одошто си даваш на себеси.
Овие зборови се за тебе, која сакаш премногу, особено оние кои не го заслужуваат тоа.
Ти, која толку им пружиш а на крајот те оставаат со срцето на парчиња. Ти, која си толку скршена за некогаш да бидеш сакана. Ти, која се бориш самата со себеси и непотребно се туркаш себеси надолу.
За секоја жена која се сомнева во себеси кога се нејзините способности во прашање. Ти, која понекогаш се мразиш. Ова е за онаа жена која точно знае што сака од животот. За жената која има големи цели и уште поголеми соништа. За она жена која нема да дозволи ништо да и застане на патот.
Ова е за тебе, да знаеш дека не си сама, дека има уште многу жени како тебе. Ова е за да знаеш дека си вренда, дека постоиш со причина. Постоиш за да му бидеш се некому. Да се потсетиш дека си доволно, сосема доволна. Дека си прекрасна, дека си доволно паметна, доволно добра, дека можеш да постигнеш се што сакаш.
Заслужуваш да бидеш сакана. Заслужуваш љубов за каква што отсекогаш си сонувала!