Категории

Што се случува кога ќе се сретнат сродните души?

Некогаш одамна, пред самото раѓање, го одбра токму него.

Со него се ноќите кратки за сѐ она што сакате еден на друг да си кажете. Неговата душа те милува без да те допре. Верува во тебе и те тера да поверуваш во себе тогаш кога во себе верба немаш. Вели дека си му важна. Нему, светот неважен. 

Ќе го познаеш по душата која трепери и сјајот во очите кои заискруваат кога ќе се појави. По гушкањето толку цврсто како да му се лизгаш низ прстите.

Од првата средба, во овој живот, светот нема да биде црн-бел. Туку ќе се разлеат цел спектар на тонови, секој со нова, поубава насмевка. Нов збор. Нов здив. Ќе ти биде како зрак без кој не можеш. Ако недостасува, ќе се навикнеш. Болно. На пола дишејќи.

Нема смисла да се создава живот без него, оној што го одбра еднаш одамна пред да се родиш.

Без него ќе бидеш слична како кула од карти која со еден здив може да се сруши. Или само со едно негово гушкање. Со насмевка. Тивка како изгрејсонце.

Тој е оној со кој ти е доволно само да бидеш. И не морате ама баш ништо. Предодредени сте за вечност и љубов која ви го мати умот. Во кое ништо смислено не се вклопува. А поголем смисол од тоа нема.

Поради него, умот изгледа како најголем мачител. А срцето создава најубави ноти. И расте надвор од границите на појмливото.

Душата трепери исто како првиот пат кога се сретнавте и допревте. Дури десет…дваесет години подоцна. Исто, баш секогаш. Ќе го познаш по љубов. Бидејќи растеш кога ти приоѓа. И прави да се чувствуваш сакано дури и кога тоа не го покажува. Дури не е ни свесен за тоа.

Вредна си за љубов. Оние кои поради неа градат тврдини. Летаат преку планина. Љубов која прави светот да биде убаво место за дишење во двајца. Не се согласувај за помалку од тоа. Ни поради времето кое немилосрдно тече. 

 

 

 

Преземено од: o3zona.net

Прегледи:
855
Објавено на:
19.12.2019