Категории

ТАЛЕНТИРАНАТА АЈАНА СО ПРВА ПЕСНА И СПОТ ЗА “НЕ МЕ МОЛИ”

Префинето и со стил кој плени со својата природна убавина, шарм и моќен вокал…Запознајте ја деветнаесетгодишната талентирана Ајана, првиот женски артист во Урбан Рекордс, новото музичко име кое што веруваме ќе прозвучи надалеку. Продукцијата која преферира модерен саунд ни ја представува Ајана во еден нов стил кој не е секојдневен за женските артисти од нашата земја.

Песната „Не ме моли“за која музиката и текстот се на самата Ајана е во трап, РнБ стил. Аранжманот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production. Се снимаше на две локации, во “Хелиум Кафе” и во ексклузивниот ресторан/Кафе Бар “Ча Ча” во Скопје.

Ајана со музика започна да се занимава на своја шест годишна возраст свирејќи на пијано, потекнува од музичко семејство и од редовите на музичкото училиште во Куманово, каде и ги остварува првите настапи како соло пејач на училишните концерти.

На кого Ајана му порачува..„Не се надевај на мене, затоа што немам време, не ме моли ќе те боли“…дознајте од видео записот во продолжение…

Прегледи:
1003
Објавено на:
27.12.2019