Категории

Најскапата елка на светот

Најскапата елка на светот вреди дури 14 милиони евра и се наоѓа во Шпанија!

Најскапата и најлуксузна елка на светот е поставена оваа година во хотелот „Кемпински Бахиа“ во Марбеја. Вреди дури 14 милиони евра. Хотелот во кој се наоѓа е познат по своите луксузни услуги, но овој пат тие ја издигнаа екстраваганцијата на највисоко ниво.

Божиќната елка е дизајнирана од познатата дизајнерка Деби Вингам, позната по нејзините луксузни и скапи креации – таа го дизајнираше најскапиот фустан, најскапите чевли со потпетици и најскапата торта на светот.

Наместо класични украси, елката е украсена со дијаманти во розова, црвена, бела и црна боја. Покрај тоа, има и чаши за мартини, помали шишиња со парфеми и 3Д чоколаден паун, а има и накит од престижни брендови како Bvglari, Cartier, Van Cleef & Arpels i Chanel.

Гостите можат да ја видат креацијата во холот на хотелот, во кој ќе се одржи и Ноќта на дијамантите и шампањското, каде што во центарот на вниманието ќе биде токму оваа неверојатна елка.

Прегледи:
622
Објавено на:
01.01.2020