Не можам да ти ветам дека ќе бидам совршена, но можам да ти ветам што можам да бидам:
Жена која секогаш продолжува да се бори иако никогаш не победува, таа која се обидува да го достигне недостижното, таа која сака и љуби дури и кога свеќата ќе изгасне и за двајцата..
[adrotate banner=”29″]
Не можам да ти ветам дека секогаш ќе бидам љубезна, особено кога сум вознемирена. Не можам да ти ветам дека ќе се држам до се што ќе кажам. Не можам да ти ветам дека ќе те послушам дури и кога знам дека си во право.
Не можам да ти ветам дека секогаш ќе бидат слатка и чувствителна, но ќе се обидам.
Не можам да ти ветам дека секогаш ќе ти кажувам се што ќе ми падне на памет, не можам да ти ветам дека секогаш ќе ти притрчам прво тебе кога ќе се исплашам.
Но можам да ти веднам едно нешто; никогаш нема да престанам да те сакам.
[adrotate banner=”29″]
Знам дека сум тврдоглава. Знам дека сигурно ќе постојат мигови кога ќе се повлечам од тебе, затоа што ќе бидам лута, пречувствителна, студена, или само затоа што ќе ми е потребно малку време за себе.
Знам дека понекогаш ќе те полудувам. Знам дека нема секогаш да бидам онаква жена каква што сакаш да бидам. Но те молам немој да се посомневаш нити за секунда дека не сакам да бидам таква, дека не сакам да бидат твое се, затоа што сакам, и секогаш ќе сакам.
Не можам да ти ветам дека ќе бидам совршена.
Некогаш можеби ќе те повредам иако сум немала такви намери, можеби ќе кажам нешто а ќе мислам сосема друго, јас сум сепак само човек.
Не можам да ти ветам дека ќе бидам совршена, но можам да ти ветам што можам да бидам:
Жена која секогаш продолжува да се бори иако никогаш не победува, таа која се обидува да го достигне недостижното, таа која сака и љуби дури и кога свеќата ќе изгасне и за двајцата, затоа што знае дека без оглед на се постојат начини на кои може повторно да ја запали.
Ветувам дека ќе бидам девојка која ќе ти се насмевнува, дури и кога е потиштена.
Ќе бидам жена која ќе се обидува да го осветлува твојот живот, дури и кога е мрак.
Ветувам дека секогаш ќе бидам онаа на која можеш да и се обратиш.
Онаа која секогаш ќе ти пружи рака која ќе ја примиш за да можеш и двата да не извлечеш.
Ти ветувам дека секогаш ќе бидам тука, ќе бидам искрена, ќе бидам силна, жена со големо срце – жената во која си се заљубил. И без оглед на тоа колку годините ќе не променат, ќе останам таа жена, ќе останам доследна на неа.
Ти ветувам дека секогаш ќе чувам дел од тебе во моето срце, дури и ако животот не одведе далеку еден од друг, дури и ако повеќе не бидеме луѓето кои сме биле некогаш.
Ти ветувам дека ќе те сакам, дури и ако тоа не биде доволно.