Категории

6 приказни кои се кријат позади овие скулптури ширум светот го кршат срцето

Изразот „камено срце“ за вас ќе има потполно друго значење кога ќе ги погледнете овие скулптури и ќе ги прочитате приказните кои стојат позади нив.

Нело и Патрасе

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafael Oliveira (@rafaolive80) on


Непосредно пред катедралата во Белгија, се наоѓа масивен кип на момче кое спие со своето домашно милениче под прекривка од камен. На прв поглед скулптурата делува „слатко“, но приказната позади неа не е воопшто романтична и убава. Скулптурата од Нело и неговото куче Патрасе, крие тажна вистина. Во својот живот Нело се соочил со огромни потешкотии, се борел со сиромаштија и гла, а на крај го изгубил животот кога се замрзнал држејќи го во прегратка својот најдобар пријател.

Чвор на пиштол

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mikhail Kuzmin (@gyrfa) on


Во седиште на ОН во Њујорк, стои скулптура на револвер чија цевка е заврзана во чвор. Позната како сулптурата „Ненасилство“, ова бронзено уметничко дело го создал Карл Фреддерик Реутерсвард во знак на сеќавање на својот пријател, пејачот Џон Ленон, кој беше убиен пред својата куќа.

Љубов – деца заглавени во тела на возрасни луѓе

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tosca Laieta (@tosca85mi) on


Скулпторот Александар Милов направил уметничко дело кое прикажува две возрасни личности, свртени со грб додека децата во нив одат едно кон друго.

Ова дело може да се протолкува на неколку начини, а најчесто го сфаќаат како деца кои се држат заедно, по разводот од родителите. Некои велат дека тука се прикажани љубовници на кои егото не им дозволува да се помират, додека некои велат дека се прикажани возрасни луѓе кои го изгубиле детството.

Чевли на брегот на Дунав

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Ward (@mr_chris_wardy) on


Во текот на Втората Светска војна, од Евреите барале да застанат покрај реката и непосредно потоа да ги стрелаат. Во сеќавање на тие настрадани луѓе, настанала скулптурата на брегот на Дунав која се состои од низа чевли како сеќавање на 3.500 луѓе кои ги изгубиле своите животи покрај реката. Ова уметничко дело се наоѓа во Будимпешта.

Хачико

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Mavridis (@georgemavridis_tattooligans) on


Во Токио се наоѓа голема скулптура на кучето Хачико. За многумина тоа е само обична скулптура на куче, но за оние кои ја знаат приказната која се крие позади оваа скулптура, таа претставува многу повеќе.

Хачико го посвоил универзитетскиот професор Уено. Хачико секој ден го чекал својот сопственик да се врати од работа. Тоа траело со години сѐ додека еден ден професорот не умрел поради церебрална хеморагија. Несвесен за фактот дека неговиот господар повеќе нема да дојде, Хачико го чекал секој ден, во времетраење од 9 години на истото место, сѐ до смртта. Неговиот пепел е закопан покрај гробот на Уено.

Маж и жена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elife soydemir (@elife.sydmr) on


Ова е тажна приказна за двајца љубовници. Али и Нино не можеле да бидат заедно поради различното верско потекло. Скулптурата е дело на Тамара Квеситаџе и се наоѓа во Грузија.

Секој ден во 19 часот скулптурите се придвижуваат една кон друга доека не дојдат до растојание како да ќе се бакнат, а потоа се разделуваат.

Прегледи:
768
Објавено на:
10.01.2020