Категории

Безвременски мисли на Чехов: „Да ги делиш луѓето на успешни и неуспешни значи да ги набљудуваш одблиску и со предрасуди“

Чехов е мајсторот на кратката форма, мајсторот на приказната и дрмата, и пристапил на книжевноста по ремек-делата на Достоевски и Тојстој. Она што тие го постигнале во романите, Чехов го постигнал со своите приказни и драми. Успеал да го изнесе на виделина она што човековиот живот го прави проблематичен, комплициран и тежок. Чехов не давал лесни решенија, всушност, не давал решенија воопшто. Тој умеел точно да ја посочи целата промашеност на нашите животи.

„Да бидеме онака сложени и онака едноставни како што е самиот живот. Луѓето вечераат, а за тоа време се градди нивната среќа или животот им се разорува“.

„Да, ние сме заостанати барем двесте години зад времето. Сѐ уште ништо не сме постигнале: не сме одлучиле каков став ќе заземеме кон минатото, само филозофираме, се „вадиме“ на досадата или пиеме вотка. Јасно е дека пред да можеме да живееме во сегашноста, најпрво треба да се искупиме за минатото и да се ослободиме од него. А можеме да се искупиме само преку патење, преку упорност, постојан напор.“

„Зарем не ги залажувам читателите, кога и покрај сѐ не умеам да им дадам одговор на најважните прашања?“

„Ако во човекот не живее нешто посилно и поголемо од надворешните околности, тогаш доволна е кивавица за да изгуби рамнотежа и целиот негов песимизам и оптимизам заедно со неговите крупни и ситни мисли е само симптом и ништо повеќе.“

„Важно е да го преобразите животот, сѐ останато е бескорисно.“

„Додека гледаше во зградите и бараките каде што спиеја работниците, тој повторно мислеше на она на кое мислеше секогаш кога ги гледаше фабриките. Иако работниците имаа концерти, предавања со проекции, фабрички лекари и разни олеснувања, сепак оние кои денес ги среќаваше на патот кон железничката станица по ништо не се разликуваа од работниците кои ги гледаше уште одамна во детството, кога во фабриките сѐ уште не постоеле олеснувања и претстави.“

„Мене ми се чини дека не сум болна туку сум немирна и полна со страв што мора да биде така и не може поинаку.“

„Вие патите од несоници достојни за почит. Како и да е, таа е добар знак. Навистина, во времето на нашите родители, ваков разговор каков што водиме ние сега не би можел ниту да се замисли. Тие навечер не разговарале туку спиеле тврдо, но ние, нашите генерации, спиеме мачно, многу зборуваме и постојано се прашуваме дали сме во право или не.“

„Незадоволството од самиот себеси е дел од основниот елемент на секој вистински талент.“

„Да ги делиш луѓето на успешни и неуспешни значи да ги набљудуваш одблиску и со предрасуди. Дали успеавте вие или не? А јас? А Наполеон? Кој е критериумот? Треба да сте Бог за непогрешно да го раздвоите успехот од неуспехот.“

„Сакав само чесно на луѓето да им кажам: Погледнете се себеси, погледнете како ‘рѓосано и здодевно живеете!“

Прегледи:
655
Објавено на:
14.01.2020