Категории

Никој во животот не го сретнуваме случајно: Секое познанство има своја цел, но и цена!

Во животот мора да бидете внимателни. Ако некоја личност ви помогне, на таа услуга обавезно возвратете. Понекогаш услугата се плаќа со пари, а понекогаш и со живот

Еден лекар морал да го поправи својот автомобил. Цената на поправката била голема, а тој навистина немал пари. Само што му се родило дете, а неговата жена со години не работела. Сепак, му требал автомобилот.

 

Сите се среќаваме со причина

Неговиот пријател му препорачал автомеханичар. Мајсторот му го прегледал автомобилот и му ја кажал цената. Лекарот загрижено признал дека нема толку многу за да плати. Сепак, автомеханичарот го поправил автомобилот и не наплатил ништо.

Лекарот се заблагодарил, но не можел да спие цела ноќ. Тој разговарал со својата сопруга и нашол начин како да му се оддолжи на автомеханичарот.

Следниот ден го повикал и го замолил да дојде во неговата ординација. Тој одлучил да го прегледа и да му врати услуга за услуга. Автомеханичарот не ги сакал болниците, но на инсистирање на лекарот дошол на преглед.

Му била дијагностициран опасна болест што автомеханичарот не знаел ниту дека ја има. Да чекал уште малку, сигурно ќе умрел.

Лекарот се договорил со колегите и автомеханичарот бил опериран – успешно и на време. Тој му го спасил животот.

 

Бидејќи докторот бил искусен, тој ја забележал бојата на лицето и усните на автомеханичарот, дека со него нешто не е во ред. И тогаш му го спасил животот на човекот.

Ова се случува често. Не се среќаваме случајно. Во животот мора да бидете многу внимателни. Ако некој ви помогне, размислете внимателно – сигурно може да и помогнете на таа личност. Размената е секогаш можна помеѓу добрите луѓе. Понекогаш тоа се пари, а понекогаш и живот, како во овој случај.

Секој од нас треба внимателно да размисли зошто животот го споил со таа личност. Кога ќе примите добрина, не заборавајте да ја вратите добрината!

Прегледи:
686
Објавено на:
20.01.2020