Самир Љума, снимателот на македонскиот филм номиниран за Оскар „Медена земја“, заедно со Фејми Даут ја добија престижната награда за најдобра кинематографија за документарен филм која ја доделува Асоцијацијата на кинематографери на Америка. Во своето излагање при подигнувањето на наградата, Самир изјави:
„Да се биде овде со најдобрите од најдобрите, каква чест! Ви благодариме! Ние сме од Македонија, земјата домаќин на најстариот фестивал за кинематографија “Браќа Манаки”. Оваа година ќе се одржи 42-то издание на фестивалот”.
Медената земја се вика Македонија!
Gepostet von МАКЕДОНИЈА – MACEDONIA am Mittwoch, 29. Januar 2020