Категории

Обновува од коренот: Ставете ја оваа маска на косата и по 20 минути не ќе можете да поверувате каква промена ќе доживеете!

Сè што ви е потребно сигурно го имате во вашиот дом

Поради неговите својства, мајонезот совршено ја храни, обновува и ја навлажнува оштетената и сувата коса. Ќе и даде неверојатен волумен и ќе ја зајакне.

Покрај тоа, косата ќе биде мека, сјајна и лесна за стилизирање.

 

Зошто е добра маската од мајонез?

Содржи жолчка и маслиново масло, но и други масла, па затоа е погодна за сува и оштетена коса. Користењето еднаш месечно ќе ја нахрани, регенерира и ќе ја врати нејзината влажност.

 

Како да ја направите оваа маска?

Мајонез за коса најдобро е да се користи како маска или регенератор. Пред подготовка, најдобро е да го извадите од фрижидер за да достигне собна температура. По околу еден час можете да започнете со подготовка.

Ставете три лажици мајонез во сад и додадете уште една лажица рицинусово масло. Промешајте додека не добиете хомогена смеса.

 

Примена:

Рамномерно распоредете ја добиената маска на чиста коса, а потоа завиткајте ја во кесе и држете ја на главата 20 минути.

 

Како оваа маска функционира?

Под кесето се создава топлина, што им дава можност на состојките да “влијаат” на состојбата на косата. По 20 минути исплакнете ја маската со топла вода и потоа измијте ја косата со шампон без парабен.

Резултатите ќе ве остават воодушевени. Вашата коса ќе изгледа како да ја негувате со најскапи препарати.

Прегледи:
711
Објавено на:
04.03.2020