Вака изгледа стајлинг исполнет со елеганција и гламур
Пепито и кариран дезен, како и елегантните комбинации во моментов се многу актуелни. Дизајнерите на голема врата ги вратија женствените стајлинзи кои што ги истакнуваатоблините и во кои секоја жена изгледа заводливо.
Кога станува збор за гламур и елеганција, првата асоцијација е, без дилема, кариран дизајн. Познатата Коко Шанел го прослави овој принти модел, па дури и денес е незаменлив.
Доказ дека секоја жена изгледа одлично во ова е и последното појавување на Џенифер Лопез.
Таа беше фотографирана во Лос Анџелес додека излегуваше од еден ресторан.
Панталоните со висок струк и краткотосако навистина ја нагласија нејзината фигура, а белатаролка е полн погодок со овој комплет.
Целиот стајлинг да изгледа уште поженствено го направи врзаната пунџа и дискретната шминка. Малата црна торба е секогаш добар избор.
Дали ви се допаѓа Џенифер во ова издание?