Категории

Кога животот ви задава ниски удари – Исправете се и кажете му дека ве потценил, вие сте многу посилни

Откако ќе помине одредено време сфаќаме дека всушност тие се појавиле за да не научат како изгледаат погрешните нешта за да умееме да ги препознаеме вистинските.

За да се стигне до вистинските нешта понекогаш треба да поминеме низ многу погрешни. За подобро да го сфатиме животот понекогаш поминуваме низ подолги патишта, болни искуства, комплицирани луѓе и често се прашуваме зошто тоа ни се случува нас и каква цел има тоа во нашиот живот,а потоа откако ќе помине одредено време сфаќаме дека всушност тие се појавиле за да не научат како изгледаат погрешните нешта за да умееме да ги препознаеме вистинските.

Да, тешко е да бидете благодрен некому кој ве повредил и ви нанел зло, тешко е да бидете благодарен за неговото појавување во вашиот живот со цел подоцна да можете да знаете како изгледа човек кој вистински ве цени и ве сака. Но не е возможно да се научи тоа на поинаков начин.

Ако моментално се наоѓате во калта на вашиот живот и се прашувате како ќе излезете од неа повторно, чисти и цврсти знајте дека тоа е моментално најлошата фаза низ која поминувате и нештата ќе почнат да се променуваат на подобро, затоа што не постои друга опција.

Ќе станете нова личност тогаш кога ќе престанете да се плашите од промената и предизвиците, тогаш кога на несреќата ќе престанете да гледате како на нешто страшно и ужасно, наместо како на нешто кое ќе ве направи посилна личност и нешто кое ќе ве предизвика да се борите уште поцврсто.
Бидете благодарни и за убавите и за лошите мигови.

Прегледи:
563
Објавено на:
19.05.2020