Често заљубеноста и љубовта се доживуваат како синоними. Дали има заблуда во тоа? Дали после заљубеноста задолжително настапува љубовта? Можеме ли некого да сакаме иако не сме заљубени?
Прашањето колку трае заљубеноста и кога започнува љубовта, ги интригира сите кои го искусиле и едното и другото. Не е реткост дека не можеме да ги разликуваме, а уште помала е реткоста дека кога магијата ќе исчезне, личноста ја гледаме во сосема поинакво светло.
Каде исчезна таа магија?
Запрашајте се колку пати ви се случило од една еуфорична состојба едноставно да престанете да се интересирате за некоја личност, а сето тоа време да сте мислеле дека е во прашање љубов, важно е да се разликува заљубеноста и љубовта.
Симптоми на заљубеност
Дали некогаш ви се случила романса која никогаш не сте ја заборавиле? Се сеќавате ли на првата љубов во училиште, од некое патување или некоја личност за која долго сте размислувале. Што има заедничко во тие мисли?
Одговорот е заљубеност.
Една необјанива сила која не влече кон објектот. Тоа е еден вид опиеност, страст и идеализација спрема некоја личност што во истиот миг кога ќе помислите на неа во вас се буди спектар од емоции. Сето тоа го создава еуфоријата наречена „пеперутки во стомакот“.
Меѓутоа овој случај на „лудило“ за некоја личност не трае вечно. Стручњаците сметаат дека таквите емоции кои ги предизвикува заљубеноста можете да ги доживувате најмногу година дена.
Како изгледа љубовта?
Постои една одлична изрека – Кога сакаш некого, го сакаш поради него самиот, а не поради тоа што таа личност прави за тебе. Вистина е дека љубовта е комплексна, веројатно никој досега не успеал потполно да ја сфати. Поради тоа и не не чуди фактот дека луѓето и не знаат да направат соодветна разлика помеѓу љубовта и заљубеноста.
Љубовта настапува кога личноста ја гледате во вистинско светло, после разочарувањето, после кавгите и увидувате дека вашата идеална личност може да ве повреди и разочара. Доколку и понатаму останете во еден таков однос знајте дека тоа го правите од љубов. Можеби нема да биде еуфорично и нема да чувствувате пеперутки во стомакот, но ќе знаете во себе дека баш таа личност е тука поради вас во добро и во зло.