Речиси и да не постои личност која во животот не се сретнала со тешката невозвратена љубов. Познато ни е колку тоа може да биде болно искуство. Како да ја заборавите невозвратената љубов?
Не е важно дали сте тинејџер или личност во средни години, невозможната љубов може да ве доведе до големо страдање, чувство на отфрленост и несигурност. Силните, неконтролирани емоции, можат да влијаат и на другите сфери од вашиот живот. Опсесијата, тагата, разочарувањето претставуваат емоции кои ги чувствуваме тогаш кога сме непосакувани од личноста која не привлекува и со која посакуваме љубов. Скалите низ кои поминуваме преку емотивната болка и прифаќањето на недостапната љубов можат да бидат скали на лична трансформација.
Како да ги преболите невозвратените чувства?
Не само што можеме да преболиме, туку и навистина можеме да научиме доста од страдањето кое ни го нанела невозвратената љубов, емотивно и ментално да зајакнеме и да научиме да се носиме здраво со отфрлањето. Таквото искуство претставува пат до откривање на личните стравови, потенцијал и задоволства. Учење од личното страдање, и учење за себеси.
Чувствата на отфрленост, суета, бес и анксиозност можат да настапат како одбранбен механизам во фазата на невозвратената љубов. Причината за тоа лежи во неприфаќањето на фактот дека не сме сакани од личноста спрема која чувствуваме силни емоции.
Како и спротивните полови на магнетите, и колку да се трудиме да ги споиме тие едноставно бегаат. Така е и со чувствата, личноста која не гаи слични емоции спрема другата личност не е во состојба да почувствува болка која и ја задава на личност која страда за неа.
Стручњаците сметаат дека стресот кој настанува од невозвратените чувства може да доведе до срцеви заболувања, пореметувања на варењето, повишен крвен притисок, депресија и друго.
Невозможната љубов може да ве спречува во вашиот секојдневен живот, каде и да се завртите можете да гледате нешто кое ќе асоцира на вашата болка. Сентиментални песни, тажни филмови, тешки животни приказни.
психолозите сметаат дека во ваквите случаи, не е реткост личноста да ја гледаме во многу подобро светло од она што навистина е, супериорна и недостижна за нас, што не интригира и не поттикнува да ја освојуваме.
За танго се потребни двајца. За да доживеете невозможна љубов, треба пред тоа да бидете во некој однос со таа личност. Невозвратената љубов може да се преболи тогаш кога ќе сфатите дека постојат многу други можности околу вас. Тогаш кога ќе се насочите кон себеси и ќе се трудите да пронајдете некој кој за разлика од таа личност ќе сака подеднакво да вложува во односот како и вие, некој кој реципрочно ќе ги споделува своите чувства со вас.