„И во добро и во зло додека смртта не не раздели!“ Иако сите се заколнуваат на вечна љубов, се поголем број парови и после неколку години од заедничкиот живот забораваат на ова ветување дадено пред матичарот и Бог.
Сигурно веќе сте чуле дека седмата година од бракот е кризна и дека баш тогаш паровите почнуваат да се разведуваат. Многумина токму оваа година ја нарекуваат и „ѕид“ верувајќи дека до тој миг заедничкиот живот станува рутина. Овој период додатно може да создаде компликации околу финансии, проблеми со децата и разправии околу домашни обврски и работата.
Меѓутоа според најновите истражувања кои ги спрведоа научниците од Универзитетот во Јута, кризната година во бракот е всушност десеттата. Забележано е дека две третини од браковите повторувале ист вид на образец – паровите прво уживале во среќата, па потоа задоволството започнало да опаѓа. Врвот на различностите се достигнал во десеттата година.
Најголемата причина за тоа, стручњаците тврдат дека се всушност жените, кои едноставно не можеле да ги издржат домашните и семејни обврски.
Ако паровите ја преживеат таа десетта година од бракот, ги чека долг, среќен и стабилен заеднички живот.