Категории

Хемија, сродна душа – или нешто трето?

Постои нешто што не се сместува во овие две, но што е тоа?

Одговорот на трилемата е секако, нешто трето. Зошто нештата се комплексни (во љубовта а и воопшто) и кога е во прашање или-или, обично е и едно и друго, а возможно е и нешто трето и четврто. Изразот „сродно тело“ сеуште не влегол во речникот на популарната психологија, а секако би требало, затоа што вистински го објаснува тоа. На пример, она кога со некого фантастично се сложувате во кревет, а врската ви е ужас. Кога кај некого кој е невротичен, депресивен, нестабилен,препознавате некои длабочини во кои се чувствувате како дома, иако тоа всушност не е длабочина, туку бездна во која занесено паѓате затоа што се чувствуваш безбедно кога те прегрнува.

Кога ќе те допре, реалноста потполно се гасне
И така се постигнува она во кое не успева нити алкохолот, нити лудилото, дрогата, храната, се достигнува чувство како да си дома, како да не си сам, како да си жив и постоиш – затоа што сите дистракции се изгаснати.

И така се заљубуваш, затоа што некој има моќ на исцелувачки допир во своите раце, магично стапче, срцева бездна и сето тоа го надохнадува она кое воопшто го нема во твојата глава.
Твоето сродно тело не е твоја сродна душа. Со него е прекрасно додека сте заедно но откако ќе се одвоите, веќе не знаеш дали постои, едноставно не си сигурна.
Не потценувај ја моќта на хемијата, телесниот ум да го опседне духот.

„Постојат разни видови лудила, а некои се вистинско уживање“ – Буковски

Превземено

Прегледи:
639
Објавено на:
20.06.2020