Секој од нас во даден миг од својот живот се буди на полноќ чувствувајќи се како да е сам на светот, како да не постои никој кој вистински го сака и не постои личност која некогаш ќе го сака и никогаш нема повторно да може да заспие спокојно.

Ќе го поминува својот живот разносуван од ветрот низ места каде не постојат чувства, каде не постои срце кое го чека и ќе остане непосакуван засекогаш.
Но најдоброто нешто во сето тоа е што не си сам кога ги имаш тие чувства. Некој некаде се чувствува толку осамено исто како и ти, некој исто така е во потрага по некој со кој ќе ги дели истите стравови, исто како и ти.
Зарем тоа не е најпрекрасното нешто во сето ова? Зарем тоа не е доволен доказ дека и покрај се постои некој друг кој исто толку страсно жеднее да биде вљубен во некого и некој да биде вљубен во него.
Зарем тоа не е толку прекрасно знаејќи дека еден ден тие двајца можат да се сретнат и да го пронајдат еден во друг истото кое го чувствувале..