За сите обожаватели на култната серија „Sex and the City“ ни доаѓа ново шоу „Emily in Paris“ во кое главната улога ја има Лили Колинс. Трејлерот е веќе тука.
Ако во текот на карантинот сте го погледнале „Сексот и Градот“ десеттина пати, тогаш ќе ви биде драго кога ќе ја слушнете најновата вест која ја имаме за вас а тоа е дека Дарен Стар подготвува нова серија за Нетфликс.
Лили Колинс ќе ја глуми „Емили во Париз“, млада американка која се сели во француската престолнина и работи нова работа притоа соочувајќи се со сосема поинаква култура.
Во трејлерот кој е објавен ќе видите како Емили се преселува во Париз кога нејзината компанија со седиште во Чикаго превзема француска канцеларија специјализирана за луксузен маркетинг.
Главната хероина е задолжена за пружи „амерички изглед“ и надоградување на пристапот на компанијата на социјалните мрежи.
Приказната го следи запознавањето на новиот град во кој Емили се обидува да се вклопи, како и запознавањето на нови пријатели и пронаоѓањето на нова љубов.
„Emily in Paris“ исто така ќе ги воодушеви и вљубениците на модата, веројатно поради фактот дека Патриша Филд која беше главниот костимограф во серијата „Sex and the City“ допринесе и во овој нов проект советувајќи се со Марилин Фитуси.
Серијата „Емили во Париз“ ни доаѓа на 2 октомври на дигиталната платформа Нетфликс.