Категории

Лоши навики кои не спречуваат да бидеме среќни

Поради што понекогаш е толку тешко да бидеме среќни? Ако ги ставиме настрана лошите околности и нешта на кои апсолутно не можеме да влијаеме, ќе ни остани само да погледнеме длабоко во себе и да го откриеме изворот од нашата несреќа.

Многу психолози сметаат дека рецептот за успех се крие во менување на три посебно лоши навики, со кои дефакто ја саботираме својата шанса да бидеме среќни. Откријте во продолжение за кои навики се работи.

Жалење
Кукањето е непријател на среќата. Колку и да почувствуваме сатисфакција кога ќе го „исфрлиме од себеси“ тоа е само привремено задоволство кое брзо ќе замениме со очај.
Нема ништо лошо во истражување на незадоволството ако тоа доведува до позитивни промени на однесувањето. Константното жалење без настојување нешто да се промени од друга страна, само ќе доведе до уште повеќе фрустрираност а на крајот и апатија.

Запоставување на самите себеси
Мали се шансите дека ќе бидете среќни ако не водите грижа за себе. Како ќе уживате во животот ако не сте доволно наспани, не сте задоволни со својата тежина, немате енергија да го завршите она кое сте го започнале?
Пред да добиете шанса да бидете среќни, морате малку да ги засукате ракавите и да поработите на себе и да не и дозволите на летаргијата и бесцелноста да ве земат под свое.

Прокрастинација
Одложувањето на обврските нема да влијае добро на вашата благосостојба. Прокрастинацијата пред се е доста стресна затоа што во миговите кога не го правиме она кое би требало, ние не можеме вистински да се забавуваме.
Кога така бегаме од одговорностите и напорот, ние во суштина стануваме психички слаби личности, кои не се во состојба да се соочат со нови предизвици.

Прегледи:
782
Објавено на:
08.10.2020