Македонскиот актер Сашко Коцев беше избран за најдобар актер на Фестивалот “Social World Film Festival” кој се одржува во Берлин, Германија.
Сашко се закити со наградата во категоријата за најдобар интернационален краток филм за филмот „Налепница“ на режисерот Геори Унковски.
„Налепница“ исто така беше избран за најдобар краток филм на 18-тото издание на Меѓународниот фестивал за краток филм “In the palace”,
“In the palace” е меѓународен фестивал за кратки филмови кој што е еден од официјалните светски фестивали кој ги квалификува победниците за понатамошна можност за номинација за Оскар.
По овој успех филмот „Налепница“ влегува во конкуренција за номинацијата Оскар.
Филмот е црна комедија чија содржина ги следи случувањата на главниот лик после неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола и тргнува на пат каде запаѓа во серија проблеми.
Филмот беше снимен за 6 денови на повеќе локации во Скопје. Во филмот покрај Сашко Коцев настапуваат и Мони Дамевски, Љупчко Тодоровски – Упа, Димитрија Доксевски, Џевдет Јашари и Соња Стамболџиоска.