Категории

Истражувач е уверен дека Атлантида и понатаму постои – Ја открил и нејзината локација

Многу истражувачи веруваат дека на Јужниот пол се наоѓа многу повеќе отколку што научниците сакаат да ни откријат..

Секој народ има легенда за Големиот потоп, а освен ситни разлики приказната вво својата основа е иста. Спрема мислењето на некои истражувачи, позади овој мит се крие поголема приказна.
Потопот без оглед на тоа кога точно се случил, однел цивилизации кои тогаш постоеле. Се претпоставува дека најголемата жртва била Атлантида.

Но дали археолозите цело време ја бараат на погрешно место – во Средоземјето или Атлантикот? Постои и уште едно прашање, дали Антарктикот отсекогаш бил ненаселен. Пред ледената доба и климатските промени кои се случиле во далечното минато и кои ги „убиле“ диносаурусите, Антарктикот не бил прекриен со лед.

„Цивилизацијата на Антарктикот цветала пред 30,000 години“ – вели Мајкл Сала, основач на Егзополитичкиот институт.

Оваа цивилизација стигнала од свемирот. Тој тврди дека Атлантида всушност се наоѓала на Антарктикот и дека и сега се наоѓа таму.

„Имаме податоци и докази дека Атлантида која ја изградила цивилизација од свемирот, се наоѓала на Антарктикот и дека се наоѓа таму и ден денес“ – тврди Сала.

Спрема неговото мислење, кога вонземјанската цивилизација се повлекла од Земјата, Атлантида ја закопале во длабочината на Антарктикот. Таа и денес се наоѓа под длабок мраз и снег. Оној миг кога Атлантида паднала под мразот – на Земјата се случил големиот потоп.
Сала е уверен дека под Антарктикот се наоѓа база на интелигентни битија од свемирот. Значи, тие ја основале Атлантида и денес се наоѓаат тука и ја користат како центар.

„Се верува дека на Антарктик се наоѓа многу повеќе од она кое ни е познато, затоа што постојат докази дека се пронајдени траги од вонземјанска цивилизација“ – вели Вилијам Хенри, писател и митолог.

Јужниот пол е идеално место за база на НЛО. Антарктикот е најизолираното место на светот и единствениот ненаселен континент.

Прегледи:
1017
Објавено на:
07.11.2020