(ВИДЕО) Националната библиотека на Австралија, помеѓу личните предмети на австралискиот поет Бенџо Петерсон пронајде кутија со чоколадо стара 120 години, кое по некое чудо останало во конзумирачка состојба.
Австралиските конзерватори открија дека чоколадата во лимена кутија била давана на војниците за време на Бурските војни.
Речиси 120 години подоцна, чоколадото било речиси недопрено на општо изненадување на стручњаците.
„Почувствувавме интересен мирис додека ја отваравме кутијата. Тогаш сфативме дека се работи за чоколато спакувано и ставено во кутија“ – рече Џенифер Тод за ABC.
Чоколадото во лимена кутија го нарачала кралицата Викторија за војниците кои се бореле во Бурските војни за да им го испратат на бојното поле. На секоја од нив биле втиснати зборови: „Јужна Африка 1900. Ви посакувам среќна Нова Година, Викторија.“
Производителот на чоколадото Cadbury доби нарачака за производство на околу 35 тони чоколадо за војниците, кои кралицата директно ги платила.