(ВИДЕО) Илјадници љубители на зимските спортови, облечени само во костуми за капење, се спуштија по падините на рускиот регион Кемерово, како дел од годишниот настан по повод крајот на сибирската ски-сезона.
Околу 1.700 луѓе добро ги искористија ледените температури за да учествуваат во секси спуст возење во популарниот скијачки центар Шерегеш во саботата, рече организаторот. Иако бројот на учесници е импресивен, Гинисовиот рекорд за најмасовно полуголо спуштање, кој беше поставен на истата локација пред неколку години, не е срушен. Причината за ова е пандемијата на Ковид-19, која овојпат спречи странски гости да стигнат до сибирските падини. Без оглед на тоа, храбрите руски учесници одлично се забавуваа, а истовремено добија и придружна содржина за своите страници на социјалните мрежи.