Сосема е природно што понекогаш се чувствуваме така, но не е добро ако сме „заглавени“ во такво чувство.
Не постои личност која е секогаш расположена. Во ред е што понекогаш не е наш ден, но не е добро за мрачно чувство да не преплави подолг временски период. И кога тој ден ќе направи да се чувствувате лошо, постојат три едноставни начини на кои можете да се расположите.
1. Погледнете фотографии од вашите деца, пријатели или домашни миленици кои ве прават среќни
Кога ќе се потопите во сликата, размислете зошто таа одредена слика ве прави среќни – можеби ве потсетува на нешто смешно или нежно, можеби е ден кога сте го поминале среќни и задоволни. Без оглед на случајот, истражувањата покажуваат дека размислувањето за минати настани и искуства може да предизвика исти радосни емоции.
2. Започнете го денот со позитивна изјава за себе врз основа на факти
Мотивациони говори што една личност си ги прави на себе ја зголемуваат самодовербата, затоа што она што го мислиме влијае на нашите постапки и емоции. Треба да се има на ум дека мотивацискиот говор или зборовите што си ги упатуваме на самите себе мора да бидат засновани на факти. Ако кажете: „Јас сум многу добар родител“, тоа може да биде вистина, но ако сте лошо расположени, големи се шансите да не верувате себе си.
Затоа, подобар пример е „Јас сум одличен родител затоа што го однесов моето дете во парк после училиште и знам дека тоа го направи многу среќен“. Колку е поконкретна изјавата, толку е поголема веројатноста да верувате во тоа – и поголема е веројатноста дека ќе ви помогне да се чувствувате подобро.
3. Пофалете три лица секој ден
Истражувањата покажуваат дека на овој начин ќе стекнете пријателства и поголема самодоверба – затоа што комплиментите честопати се возвраќаат. Затоа започнете го циклусот на среќа, пишува порталот Успех.