Категории

Симон Трпчевски го прослави својот роденден на концерт со своите колеги и пријатели

Еден од најголемите македонски музички амбасадори, маестралниот пијанист Симон Трпчевски, овој месец е резидентен артист на Фестивалот во Марибор, Словенија, каде што публиката ќе има можност да ужива во  четири негови концерти, меѓу кои е и вечерта со „МАКЕДОНИСИМО“.

Тој се огласи на својот фејсбук профил и го сподели своето задоволство што токму во тек на овој настан е и неговиот роденден:

„По одличниот концерт во четвртокот (Отворање на сезоната), не можев да имам подобар роденденски подарок – вечерашниот концерт, МАКЕДОНИСИМО со моите драги колеги и пријатели!

Вечерва во 19:30 часот, сабота 18.09.2021, фестивал Марибор, „Дворана Унион“.
Неколку последни подготовки 🙂
Македонската народна музика со својот уникатен пристап!
Одличен начин да се прослави 30-годишнината од независноста на Македонија!“

Прегледи:
609
Објавено на:
20.09.2021