Знам што значи да се сакам себеси. Тоа значи наутро да се будам не размислувајќи повеќе како на светот постои некој посреќен, поубав, попаметен, помудар и подобар од мене.
Тоа значи да се гледам во огледало и не сакам да го тргнам погледот од својот одраз. Верувам во тој одраз. Воопшто не е важно дали сум нашминкан или не, не е важно како сум расположена… Едноставно му верувам на она што ми блеска и ме гори во срцето.
Знам што значи да се сакам себеси. Не чекам веќе настани, состаноци, прилики, родендени, прослави, викенди… Не чекам љубов и внимание! Си дозволувам себеси да бидам среќна денес, сега. Ги гледам минувачите право во очи, не го спуштам погледот на валканиот асфалт. Знам дека светот околу мене е прекрасен, како што бил отсекогаш.
Знам што значи да се сакам себеси. Се радувам на секој успех на блиските, далечните и останатите заборавени луѓе. Се радувам што живеат, дишат, создаваат, што успеваат и нешто постигнуваат. Затоа што нивниот успех ни најмалку не го намалува пламенот во мене.
Од тоа не станувам помалку прекрасна ниту пак помалку сакана и заштитена. Затоа што во мене постои длабочина во која има место за нивниот успех.
Знам што значи да се сакам себеси. Ги сакам дури и проблемите. Ја дочекувам секоја препрека со насмевка и смисла за хумор, сфаќајќи дека од нив расте силата и трпението.
Ја обожавам земјата, градот и улицата во која живеам. Го обожавам погледот од прозорот, минувачите. Дури и оние, депресивните. Бидејќи и тие, како и јас, еден ден ќе научат да се сакаат себеси.