Во најновиот разговор за медиумите, Ријана наведува дека „експериментира“ со својот нов, деветтин студиски албум. Тврди дека нејзината нова музика ќе звучи потполно поинаку од сѐ што објавила досега.
Не можете ни да претпоставите како ќе звучи мојот нов албум – рекла Ријана на снимањето на „Savage X Fenty“ ревијата која премиерно ќе биде прикажана овој петок на Амазон.
Инаку, поминаа точно пет години откако го објави својот последен студиски албум „Anti“, на кој се најдоа хитовите како што се „Work,” “Love on the Brain”, “Needed.“
На албумот вели дека официјално почнала да работи во 2020 година.
„Сѐ што сте слушнале досега од мене нема да биде на албумот. Музиката е како мода, и со неа треба да се експериментира. Можам да носам што сакам, а така се чувствувам и кога станува збор за музиката“, изјавила Ријана.
Таа сѐ уште нема потврдено официјален датум за објавување на новиот студиски албум