Категории

Животни лекции од Матија Бечковиќ: „Затоа што ти ме сакаше мене, јас се сакав себе“

Матија Бечковиќ е српски поет, писател и академик, роден на 29 ноември 1939 година. Некои од неговите дела се: „Вера Павладољска“, „Че – Трагегија која трае“, „За Његош“ и други. Освен поезија, Матија пишувал и театарски текстови како и монодрами.

Ова се некои од неговите најмудри мисли.

На ниедно друго место човекот не е мал како пред шалтер и на ниедно друго место малите луѓе не се големи како позади него.

Глупавоста е постара од паметта. Да не бил глупав првиот човек, вториот не би се создал.

Мене не ме интересира вистината. Јас знам кој е во право.

Будали има многу. Конкуренцијата е огромна.

Човек лесно прифаќа некој да е посреќен, а тешко се сложува дека некој е понесреќен од него. Би останале зачудени кој сѐ би се пријавил на конкурс за најголем маченик.

Среќа е да ја откриете Америка на пат за Индија.

Среќата е секаде и секогаш присутна. Треба само да се биде тука.

Љубов моја, ме дигна толку високо што и кога би паднал – до земја би се изнаживеал.

Затоа што ме сакаше, јас се сакав себеси.
Денес медицината од човек може да направи сѐ освен човек.
Животот не би ни бил потребен кога би бил јасен.

Што гледаат слепите не гледаат заљубените.

Најубаво пее оној кому е најтешко.
Лоповите се кријат и од фотографот, а чесните луѓе кои јрадат се појавуваат во весниците и на телевизија.
Човекот без надеж и не е вистински човек.
Никој не остварил сѐ што сакал и замислил. И што е најлошо, колку е силата помала, амбициите се поголеми.

Прегледи:
542
Објавено на:
29.12.2021