Категории

Тајното правило во исхраната на Џенифер Лопез – Видливи резултати дури по една недела

Една од најубавите жени на светот, Џенифер Лопез, се придржува до важно правило во исхраната, кое може да даде резултати по само 10 дена.

Следниот месец славната Џеј Ло ќе го прослави својот 52 роденден, а латино ѕвездата со децении е синоним за совршен изглед, без разлика на возраста. Пејачката своето извајано тело го должи на редовните тренинзи, но и на правилната исхрана, а главното правило што го практикува е „јаглехидрати до 14:30 часот“.

Станува збор за правило кое го смислил познатиот тренер Дејвид Кирш, а тоа е режим во кој внесот на јаглехидрати е ограничен на утро и рано попладне. Во овој временски интервал е дозволено да се јаде овесна каша, тестенини, мешунки и слично. По 14:30 треба да јадете храна богата со протеини како месо, риба, сирење, свежо овошје, зеленчук и салати.

Покрај тоа, Џенифер од исхраната го исфрлила шеќерот во сите форми, како и алкохолот.

Клучот за ова правило е дека јаглехидратите кои се земаат наутро му даваат на телото енергија која ни помага нормално да функционираме во извршувањето на секојдневните активности, а ние доволно се движиме за да можат да согорат до вечер. Многу луѓе се прашуваат колку јаглехидрати смеат да внесуваат до 14 часот и 30 минути, а Дејвид Кирш советува да го слушате вашето тело и да јадете само кога сте навистина гладни. Како што тврди, по десет дена ќе можете да ги видите првите резултати.

 

Прегледи:
392
Објавено на:
23.06.2022