Категории

Зошто Бермудскиот триаголник е едно од најмистериозните места на Земјата?

Локација којашто често се наведува како една од најмистериозните на нашата планета е Бермудскиот триаголник. 

Бермудскиот триаголник познат и како Ѓаволски триаголник е област во западниот дел на Атланскиот Океан. Се наоѓа меѓу Мајами, Бермуди и Порторико, образувајќи форма на триаголник.

Регионот стана познат по бројни извештаи на мистериозно исчезнување на бродови и авиони под навидум необјасниви околности.

Со текот на годините, беа предложени различни теории за овие исчезнувања, почнувајќи од природни феномени, ерупции на хидрат на метан, магнетни аномалии, непредвидливи временски услови, пирати, вонземјани, џиновски лигњи и слично.

Исчезнувањата продолжија откако исчезна и последниот пират од Карибите, па теоријата се препиша на џиновски лињи кои голтаат бродови. Но, како голтаат авиони?

И покрај обемното истражување и истрага, вистинските причини за овие исчезнувања сѐ уште остануваат предмет на дебата.

Прегледи:
121
Објавено на:
15.02.2024