Новото филмско дело „Money Monster“ ги обедини повторно Џорџ Клуни и Џулија Робертс. Трејлерот за филмот, снимен под режисерската палка на Џоди Фостер, ни дозволува да ѕирнеме во каква неволја ќе западнат талентираните актери.
Во филмот, 54-годишниот актер влезе во улога на водител на финансиско шоу, наречен „Волшебникот од Вол Стрит“, додека 48-годишната актерка ја доби улогата на продуцент на шоуто. За време на директниот пренос на емисијата, тие ќе бидат земени како заложници од гневен инвеститор кој изгубил многу пари.