Француската ракометна репрезентативка Калидиату Ниакате денес неочекувано беше во Скопје, но причината не е трансфер во некој наш ракометен клуб, туку таа е во нашиот главен град од приватни причини.
20-годишната ракометарка на Изи Париз е девојка на кошаркарот на Водњански лисици, Милорад Миновски, и таа дојде во Скопје да го посети. Ниакате во СРЦ „Кале“ го бодреше Миновски од првите редови во дербито од Втората кошаркарска лига помеѓу Водњански лисици и лидерот Охрид.
Претходно Миновски беше во врска со Алисон Пино, додека таа настапуваше за ЖРК Вардар, а сега повторно има девојка ракометарка и повторно Французинка.