Машките кажуваат дека многу поскоро приметуваат некој суптилен детаљ, мала откриеност на кожата, сензуално движење или замавнување со косата…
Бидејќи девојките живеат во невидено незнаење мислејќи дека кај машките на прв поглед автоматски, несвесно и забрзано интересот го буди отворена и дрска голотија! Девојки – ова не е точно!
Машките се изјасниле дека многу поскоро ќе приметат некој суптилен детаљ, малечка откриеност на кожата, сензуално движење или замавнувањето со косата… затоа излегувањето на улица со деколте “еве повелете”, во минич од неколку квадратни сантиметри материјал и со чевли со 15 сантиметри потпетици, е пукање во празно.
И покрај тоа, модата е таква, па секоја втора млада девојка, но и позрелите припаднички на поубавиот пол, за своето вечерно излегување често пати носат токму таква облека, мислејќи дека голата кожа е вистински мамец за привлекување на машките налети.
Потоа се чудат: како тоа некоја тивка и ненападна женичка се претворила во вистинска соперничка?
Можеби изјавите на неколкуте анкетирани мажи нема драстично да ги промени вашите навики, не би било на одмет уште еднаш да се прочита дека фраерите ги привлекува паметно спакуван женски сексапил.
Судејќи по нивното размислување, се стекнува впечаток дека е во мода некое ново време на невиност.