Македонскиот шампион Вардар не успеа да дојде до третата титула во СЕХА лигата, откако загуби во големото финале од тимот на Веспрем со 28-26.
На полувремето од натпреварот во Вараждин нашиот претставник имаше водство од 14-15.
Во тимот на Вардар најефикасен стрелец на мечот беше Лука Циндриќ со вкупно 5 погодоци, додека на голот Арпад Штербик успеа да реализира 9 успешни интервенции.
Унгарскиот тим беше предводен од Момир Илиќ кој со 7 погодоци беше и најдобар стрелец на мечот.
Во малото финале, односно дуелот за третото место му припадна на тимот на Загреб, кој по победата од 24-23 над Мешков Брест ја освои утешната бронза од СЕХА лигата сезонава.