Категории

Направете сами ефикасна маска против брчки: Состојките веќе ги имате во својата кујна

Не трошете пари за скапа козметика, бидејќи сосема доволна ви е маската од банани, јогурт, мед и сок од лимон.
Ви откриваме како да изгледате доста помладо за само 20 минути.
Измешајте една лажица пасирана банана со една лажица јогурт, половина лажица мед и неколку капки сок од лимон. Лицето измијте го и врз него ставете топла крпа за да се отворат порите и да се подготви кожата за подобра апсорбција на хранливите материи.
Нанесете ја маската и оставете да делува 20 минути, а потоа само исплакнете со млака вода. На крај нанесете хидратантен крем.

Прегледи:
559
Објавено на:
15.04.2016