Категории

Мајка и ќерка живееле во автомобил, а потоа се појавил овој полицаец…

Еден полицаец во Калифорнија излегол во патрола бидејќи тој добил повик дека на паркингот, во близина на плажата, некој спие во автомобилот. Кога излегол на терен, тој сретнал девојче кое имало 11 години како си играло на тротоарот.

Полицаецецот Присер му пријдел на девојчето, кое живеело со својата мајка во автомобилот. Мајката и ќерката од неодамна останале без покрив над главата и стариот автомобил сега бил нивниот дом. Камерата на службеното возило забележала една чудна средба, што резултираше со вистинска игра.

Присер му пришол пријателски на девојчето и почнал да игра куцанка со него. Тој го фрлил парчето креда и почнал да скока, со цела своја опрема. Девојката ја прифати играта, така што тие двајца се спријателиле многу бргу.

Откако разговарал со мајка на девојчето, тој го повикал Центарот за социјална работа со цел да им обезбеди привремено сместување. Видео на официјалната фејсбук страницата на станицата Хантингтон Бич беше бјавено од колегите на Присер.

И додека мајката разговала со луѓето од Центарот за социјална работа околу сместувањето, тој продолжил да си игра со девојчето.

Прегледи:
335
Објавено на:
16.04.2016