Уште еднаш моќно. Уште еднаш маестрално. Уште еднаш на чекор до големото суперфинале. Нашата Антониа, учесничка во популарното пинково шоу “Ѕвездички” влезе во понатамошното натпреварување во кое останаа уште околу дваесетина деца. Таа успеа уште еднаш да го добие восхитот и пофалбите на жирито, благодарение на интерпретацијата на “Што те нема”, песна од Лидија Кочовска, изведена на Скопскиот фестивал во 1995 година.
Не ги пропуштајте “Пинковите ѕвездички” и нашата талентка Антониа во недела на Сител во 21 часот. Уживајте!